По повод одбележувањето на 7-ми ноември, Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичката окупација, градоначалникот Никола Бакрачески до граѓаните испрати честитка.
На граѓаните на Охрид им го честитам 7 ми Ноември - Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичката окупација, изразувајќи благодарност и почит кон сите оние кои во текот на НОБ ги вградија животите за слобода. Искрена благодарност изразуваме и за генерациите охриѓани кои во овие 69 години слободен растеж, се вградија себеси во напредокот на градот.
Долг на сите нас како и на генерациите што доаѓаат, е да го дадеме својот максимум за унапредување на развојот на Охрид и да придонесуваме за подобрување на животот на секој наш граѓанин - стои во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески.
Извор: www.ohrid.gov.mk |