Врз основа на став 11 од член 24 и член 50 и 50 б од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12 и 55/13), став 1 од член 69 од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/2009, 124/2010, 51/2011, 123/12,) како и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и програми од областа на животната средина („Сл.весник на РМ“ бр.147/08 и 147/11), Министерот на Министерството за транспорт и врски организира
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПО
ИЗВЕШТАИ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА:
- Урбанистичко планска документација за Автокамп „Андон Дуков“ КО Охрид, општина Охрид;
- Урбанистичко планска документација за Автокамп „Елешец“ КО Пештани, општина Охрид
- Урбанистичко планска документација за Автокамп „Градиште“КО Пештани, општина Охрид ;
Јавната презентација на Извештаите за стратегиска оцена на животната средина ќе се одржи во просториите на општина Охрид, на ден 02.12. 2013 година во 15.00 часот.
Извештаите за стратегиска оцена на животната средина се ставени на јавен увид на web страната на Министерството за транспорт и врски(www.mtc.gov.mk).
Заинтересираните граѓани и правни лица можат да учествуваат во Јавната презентација, а во времетраење од 30 дена по објавување на Извештаите за стратегиска оцена на web страната на Министерството за транспорт и врски ќе можат да ги дадат своите забелешки, предлози и мислења.
Сите забелешки засегнатата јавност може да ги доставува по електронски пат или по пошта до Министерството за транспорт и врски.
Министер за транспорт и врски
Миле Јанакиески
Извор: www.ohrid.gov.mk |