Во селото Љубаништа, денес, градежната оператива на ЈП „Градски гробишта“
започна со уредување на плоштадот кој се наоѓа во непосредна близина на
спомен обележјето на паднатите борци.
Предвидено е просторот партерно да се уреди со поставување на околу 220 м2
бехатон плочки, коловозни ивичници, парковски ивичници и потпорни ѕидови.
Плоштадот, дополнително, хортикултурно ќе биде оплеменет, ќе се постави
фонтана и шест клупи.
Активностите за уредување на плоштадот се очекуваа да завршат до крајот на
наредната недела.
Извор: www.ohrid.gov.mk |