Советот на општина Охрид, на денешната седница ги прифати извештаите за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.01. - 31.12.2015 година, за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01. - 31.12.2015 година, за реализација на развојната Програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2015 – 2017, за работа на територијалната противпожарна единица – Охрид за периодот од 01.01. - 31.12.2015 година, за работењето на Одделението за даноци за периодот 01.01. - 31.12.2015 година, за работењето на Одделението за комунални такси за периодот од 01.01. - 31.12.2015 година, за работата на Секторот за образование, детска, социјална и здравствена заштита за периодот 01.01.-31.12.2015 година, за работењето на Секторот за спорт, млади и невладини организации за 2015 година, за работењето на Секторот за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура за 2015 година, за реализација на Програмата за заштита на животната средина и природата за периодот 01.01. - 31.12.2015 година, за реализација на Програмата за одржување на јавна чистота за 2015 година, за реализација на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за 2015 година, за реализација на развојната Програма за уредување на градежно земјиште за 2015 - 2017 година за периодот од 01.01. – 31.12.2015 година, за реализација на Програмата други комунални услуги за 2015 година, за реализација на развојната Програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2015 – 2017 за периодот од 01.01. – 31.12.2015 година, за реализација на развојната Програма за јавно осветлување 2015-2017 година за периодот од 01.01. – 31.12.2015 година, за реализација на развојната Програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2015 – 2017 година за периодот од 01.01. – 31.12.2015 година, за реализација на развојната Програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај 2015-2017 за периодот од 01.01.- 31.12.2015 година, за реализација на развојната Програма за изградба на системи за водоснабдување 2015 – 2017 година за периодот од 01.01. – 31.12.2015 година, за реализација на Програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2015 година, за работата на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените за 2015 година, Извештајoт за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2015 година, за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2015 година, Извештајот и завршната сметка на Буџетот на единицата на локална самоуправа општина Охрид за 2015 година и Извештајот за годишниот попис за 2015 година, за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07. - 31.12.2015 година, за работата на МЈП„Проаква“ Струга и Р.Е.Водовод Охрид за периодот од 01.01.-31.12.2015 година, за работата на ЈП„Нискоградба“ за 2015 година, за работењето и остварените резултати на ЈП „ Градски пазар“ за периодот од 01.01. - 31.12.2015 година, за остварените резултати од работењето на ЈП„Охридски комуналец“ за периодот од 01.01.- 31.12.2015 година, за работењето и остварените резултати на ЈП„Грaдски гробишта“ за периодот од 01.01. - 31.12.2015 година и за работењето на ЈП„Билјанини извори“ за 2015 година.
Советниците ги прифатија извештаите за финансиското работење и годишните сметки за 2015 година на ОУ„Христо Узунов“ , ОУ„Григор Прличев“ , на ОУ„Св.Климент Охридски“ , ОУ„Братство Единство“ , ОУ„Кoчо Рацин“ , ОУ„Живко Чинго“ с.Велгошти, ОУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец, ОУ„Св.Наум Охридски“ с. Пештани, ОМУ„Методи Патче“ , ОСУ„Св. Климент Охридски“ , СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ , ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ , ОУТУ„ Ванчо Питошески“ , ЈОУДГ за деца „Јасна Ристеска“ и ОЈУ отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ за 2014/2015 година.
На седницата беа прифатени и одлуките за поставување урбана опрема – ракламни и информациони паноа на подрачјето на општина Охрид за периодот 2016 – 2021 година, за реализација на предлог проектот за поставување дренажа на училишен објект, санација на санитарни јазли и промена на врати во ОУ„Кочо Рацин“ - ПУ Д.Лакочереј, за управување со отпад на општина Охрид за 2016 година, за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП„Градски гробишта“ , давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈП„Градски гробишта“ , a беа прифатени дополнителните точки на дневниот ред поврзани со реализацијата на предлог проектот за уредување и санација на патиштата за пристап до земјоделско земјиште, шумски и водостопански површини и утврдување на престанок на важност од потребата за донесување на урбанистичка планска документација за усогласување на намената на земјиштето бр. 08-2815/36 и бр.2851/50 од 29.02.2016 година .
Извор: www.ohrid.gov.mk |