65-та седница на Советот на општина Охрид беше закажана за ден 30.11.2016 година (среда) со почеток во 10,30 часот. Меѓутоа, дополнително е утврдено дека на 30.11.2016 година во Република Македонија ќе се спроведува акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ и истиот е неработен ден, така што неопходно е да се презакаже седницата на Советот.
Поради тоа, Ве известувам дека 65-та седница на Советот на општина Охрид се презакажува и истата ќе се одржи на ден 01.12.2016 година (четврток) со почеток во
10:30 часот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |