Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ОХРИД СЕ ОДРЖА МОТИВАЦИСКИОТ ВИКЕНД
Untitled Document

Претседателката  на Советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска викендов присуствуваше  на културното случување “Мотивациски викенд“ што се одржа со цел  познатите  јавни личности  кои зедоа учество на истиот да им се доближат на младите  и да им  укажат на можноста  како да бидат успешни во својата професионална определба. Претседателката Коњановска  поздравувајќи ги учесниците   го истакна задоволството од учеството на  ваква спонтана иницијатива за да им се излезе во пресрет на младите и нивните животни дилеми.

-Младоста воопшто не е едноставен период како што се чини бидејќи тогаш се донесуваат најважните одлуки во животот така што на ваков начин преку неформална едукација сакавме да им помогнеме на младите да го изберат најдобриот пат. Меѓу младешките желби и нивната реализација има многу препреки и неизвесности, но високата мотивираност е таа што може  многу да Ви помогне. Патот до успехот , покрај мотивираноста, бара многу упорност, работа, самоодрекување и посветеност. Поминувајќи го тој пат се стигнува до одредената  цел и тоа човека  го прави среќен.Развојот на локалната  заедница и Република Македонија зависи токму од придонесот на младите високомотивирани кадри. Ние сме одговорни општествени субјекти  и затоа со сите средства кои ни се на располагање ќе настојуваме да создадеме услови  бројот на успешни и мотивирани млади луѓе да се зголемува и да ги задржуваме да останат и да работат овде и да ја креираат  иднината  на својата татковина- истакна Коњаноска. 

На настанот  учество зедоа охриѓани кои  се успешни во своите професии а меѓу нив Владимир Василески –Четкар, Аница Палацо, Александра Димитриеска, Ана Темелкоска,Марта Пејоска, Сашо Димоски и  Павел Донески. Според нив амбициозноста, посветеноста, упорноста, визионерскиот дух и вербата во себе  се  квалитети кои доколку ги поседува личноста може да напредува во професионалната кариера.

 Организатори на случувањето беа  Локалниот совет на млади и Невладината Организација „Виа Данте” кои најавуваат дека настанот  ќе се одржува  и во иднина.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1332  пати
Објавено на: 20.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©