По налог на Секторот за Комунален развој сообраќај и улици при Општина
Охрид, вчера ЈП “Градски гробишта “ започна со поплочување на двата
тротоари на улицата “Пере Тошев“ во непосредна близина на детската
градинка “Росица“ во населбата Лескајца.
Поплочувањето е на површина од 300 метри квадратни а во акцијата е
предвидено и поставување на парковски ивичници и островца околу
уличните дрва.
Акцијата на поплочување на предвидената површина на двата тротоари се
очекува да заврши идната недела , со можност веднаш после тоа доколку наложи
Секторот за комунален развој сообраќај и улици истата да продолжи по
останатата површина од тротоарите.
Извор: www.ohrid.gov.mk |