Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
Untitled Document

Јапонската Агенција за меѓународна соработка JICA  предводена од г. Огура денеска оствари средба со делегација на општина Охрид, на која беше разговарано за состојбата на колекторскиот систем на Охридското езеро и изнајдување на техники и решенија за рехабилитација на истиот.

Поради оштетување и поради лошите споеви на цевките  има мешање на атмосферските и подземните води со колекторот па оттука се јавува  потребата за итна санација на колекторот на Охридското Езеро за што е изготвен и Извештај кој ги содржи начините и техниките за рехабилитација на колекторскиот систем – рече г. Огура, претставник на балканската канцеларија на JICA.

На средбата двете страни се договорија  Извештајот да биде презентиран пред локалните власти од Охрид и Струга , а ќе присуствуваат претставници на локалните самоуправи на Охрид и Струга и претставници на општинските јавни претпријатија „Проаква“ и „Нискоградба“ надлежни за изградба и одржување на колекторскиот систем.

Покрај ревитализација на системот со ваквиот проект ќе се намали загубата на вода, односно ќе се намали оптеретувањето на колекторскиот систем – истака Дејан Паноски претставник на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро.

Домаќин на семинарот  на кој ќе биде презентиран финалниот извештај за рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското Езеро ќе биде Министерството за животна средина и просторно планирање, а  ќе се одржи на 2 јули во Охрид .

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1232  пати
Објавено на: 22.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©