Во пресрет на главната туристичка сезона, ЈП „ Охридски комуналец“
направи обемни подготовки и подготвено ја дочекува главната туристичка
сезона. Согласно програмата за работа, усвоена од Советот на општина Охрид,
претпријатието има донесено оперативен план за извршување на дејноста во
текот на летото кога, видно се зголемува бројот на
туристи.
Одржувањето на јавната чистота, што подразбира организирано и континуирано
чистење, миење и метење на јавно прометните површини, празнење на
корпите за ситни отпадоци, во текот на летниот период, активностите се
интензивираат.
Бројот на извршители -метачи кои се групирани по категории на улици се
зголемува од двајца на тројца во секоја група. Во централното
градско подрачје со кој се опфатени реоните на градскиот плоштад,
старата чаршија, кејот, стариот град и улиците „ Димитар Влахов“ , „
Партизанска“ , „ Македонски просветители“ и булевар „ Туристичка“ бројот на
метачи се зголемува на шест метачи во работните денови, додека во деновите
од викендите се делува со девет дежурни метачи.
За подигнување на степенот на хигиена во туристичките населби, по
еден извршител е поставен да работи секојдневно во населбите
„ Св.Стефан“ , „ Лагадин„ , Пештани и Трпејца. Нивните задолженија се
да ги метат јавните површини во туристичките населби, да се собира ситниот
отпад и да се празнат корпите за ситен отпад. По еден извршител е поставен и
во селото Велгошти за време на одржувањето на големиот број
манифестации.Во туристичките населби ангажран е и по еден вработен за
одржување на хигиената на плажите кои не се издадени под концесија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |