Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УСПЕШНА ПРОМОЦИЈА НА УНИКАТНИТЕ РАКОТВОРБИ НА ОХРИДСКИТЕ ЗАНАЕТЧИИ
Untitled Document

Во организација на Секторот за туризам и ЛЕР при општина Охрид и соработка со Занаетчиската комора од Охрид, од 19 до 21 август, за прв пат, на плоштадот „Крушевска Република“ се одржа Манифестацијата „Ohrid craft expo“ на која занаетчиите ги изложија своите производи , а истовремено беа промовирани потенцијалите на охридското занаетчиство како фактор за економски развој, зачувување на традиционалните вредности и атрактивно занимање на младите.

Посетителите имаа можност да се запознаат со широката палета на производи (сувенири, бакрорез,книговез,накит) создадени од вештите раце на занаетчиите кои изразија подготвеност за воспоставување поинтензивна соработка во делот на зголемување на мерките за поддршка на занаетчиството кое нуди перспектива за вработување на младите поддржани преку проекти за почнување мали бизниси.

Заложба на Локалната самоуправа е Манифестацијата „Ohrid craft expo“ да добие традиционален карактер која ќе поттикне континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој и зачувување на традицијата и културата.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1360  пати
Објавено на: 22.08.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©