Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДОГОВОРОТ ЗА ПАРКИНГ-ПРОСТОРОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ Е ШТЕТЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ И ОПШТИНАТА
Untitled Document

Договорот за давање под закуп на паркинг-просторот во центарот на градот, кој е потпишан и чие правно дејствие се врзува со поранешниот градоначаник Александар Петрески и лицата блиски до него, е акт со кој екстремно се кршат интересите на локалната самоуправа и на граѓаните на општина Охрид. Давањето на управување на паркинг-просторот на приватен субјект,  за општина Охрид претставува штетен договор, донесен под сомнителни околности, во една нетранспарентна постапка и истиот го оценуваме како акт со кој се  нарушуваат интересите на општина Охрид и нејзините граѓани. Затоа, општина Охрид ќе ги превземе сите законски средства да го оспори овој штетен договор, а за сите оние инволвирани лица кои со потпишување на договорот свесно направиле злоупотреба на својата позиција и штета по имотот и угледот на локалната самоуправа, ќе покренеме постапка за нивно санкционирање.

ОПШТИНА ОХРИД
Кабинет на Градоначалник

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1235  пати
Објавено на: 16.04.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©