Општина Охрид традиционално и годинава ќе го реализира проектот „Цветни
балкони - Цветен Охрид “
Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско
цвеќе на жителите кои живеат на бул. „Туристичка“. Акцијата ќе се реализира
на 13 и 14 јули (среда и четврток) 2016г. Граѓаните од гореспоменатата улица
кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе истото ќе можат да го
подигнат во расадникот на ЈП Комуналец на 13 и 14 јули (среда и
четврток) 2016г. од 9 до 13 часот. Со себе треба да понесат лични
документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.
Извор: www.ohrid.gov.mk |