Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОТПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА НОВАТА АВТОБУСКА СТАНИЦА
Untitled Document

Во присуство на бројни граѓани, денес со пригодна свеченост беше одбележано започнувањето на градежните работи на новата Автобуска станица во Охрид. Инвеститор е компанијата Делфина Турс од Скопје. Сопственикот на Делфина Турс, Аднан Исмаил изрази задоволство за досегашната соработка со Општина Охрид во подготовката на овој капителен објект.

- Среќни сме што градоначалникот Бакрачески и локалната самоуправа во нас препознаа сериозен партнер за изградба на модерна автобуска станица, које ќе биде современ сообраќаен терминал со уште многу пропратни содржини. Наша цел е да бидеме регионален сообраќаен центар, па затоа сме подготвени првата фаза на изградба на перонскиот дел да ја завршиме до април идната година – истакна Исмаил.
Градоначалникот Никола Бакрачески во своето обраќање рече дека охриѓани долго ја очекуваат новата автобоуска станица.

- После две годишно документирање на целиот проект со точно утврдена намена, денес сме пред одпочнување на реализација на ветувањата пред граѓаните за капитални проекти. Ја користам приликава да се заблагодарам на инвеститорот и да им честитам на нивната храброст да инвестираат во Охрид, што ќе значи нов импулс во развојот на нашиот град и отворање на нови работни места. Автобуската станица  ќе зафаќа површина од 12 илјади метри квадратни, со 7 илјади метри изградена површина за модерен трговски центар, бензинска пумпа и други помошни објекти. Од овде започнуваме со реализацијата на ветените капитални инвестиции, кои  во наредниот период ќе бидат секојдневие на Охрид – истакна во своето обраќање градоначалникот Никола Бакрачески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1402  пати
Објавено на: 18.11.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©