Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА СНИМАЊЕТО НА ФИЛМОТ „ ЧОВЕКОТ И ПЕСОТ“
Untitled Document

Во  Прага, Република Чешка, вчера започна со снимање  краткометражниот игран филм „Човекот и песот“ во режија на Антонио Вељаноски.Филмот финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Републима Македонија и од Општина Охрид преку средства од конкурсот за поддршка на проекти од областа на културата за 2016 година.

„ Човекот и песот“ го реализира  „ Стори Скоп Продукција“ од Охрид во соработка со Студио ФАМУ од Прага. Филмот ќе се снима во студиото Барандов како и на повеќе локации низ Прага.Главната улога ја толкува големиот чешки актер Јан Качер кој зад себе има богата филмографија како и добро познатата актерка Марија Дурнова.

Продуценти на филмот се Елена Станишева и Зоран Вељаноски Летра, директор на фотографија е Владимир Димоски, Асистент на Режија Франческо Монтањер (добитник на Златен лав на филмскиот фестивал во Венеција), автори на сценариото се Антонио Вељаноски и Алице Крајчирова, арт- директор е Катерина Јирманова, а звук Матеј Хрудина.
Снимањето ќе трае една недела и се очекува на големото платно да ја има својата премиера кон крајот на оваа година.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1373  пати
Објавено на: 01.07.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©