Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНСКИОТ ИНСПЕКТОРАТ СО САНКЦИИ ЗА ТУРИСТИЧКИТЕ ВОДИЧИ KOИ РАБОТАТ НА ДИВО
Untitled Document

Денес овластените туристички инспектори  при општинскиот инспекторат во координација со државниот пазарен инспекторат извршија контрола на повеќе туристички групи во централното градско подрачје при што беа затекнати нелегални туристички водичи и истите на лице место беа санкционирани од страна на инспекторите.

Од општинскиот инспекторат истакнуваат дека ваквите контроли и во иднина ќе продолжат и потсетуваат дека сите туристички групи кои вршат разглед на градот треба да се придружувани  од локален туристички водич  или придружник согласно законските одредби.
Во Охрид регистрирани се околу 90 легални туристички  водичи.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1373  пати
Објавено на: 20.05.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©