Глобалното здружение за подигање на свеста за подводниот свет (ГУВАА), го
подари првото вакво знаме на претседателот Горѓе Иванов, кој го предаде на
градот Охрид и заедно со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и
претседателот на „ГУВАА“ го поставија на брегот на охридското езеро кај
хотелот „Инекс“.
Знамето е потврда дека брегот на Охридското езеро кај хотелот “Инекс” е
чист исто како Монако, државата која прва се закити со вакво знаме уште лани
во февруари.
- Белото знаме е единствениот симбол во светот кој гарантира дека
една плажа или езерска површина е совршено чиста. Дека е исчистена од
ситниот и крупниот отпад, токсични отпади нема, нема пластика и на тој начин
се заштитени и водените организми кои живеат во езерото ,изјави
Кристијан Цурановиќ претседател на “ГУВАА”.
- Ова што денес се случи во Охрид е апел до сите да се грижат за
водите не само во Македонија туку во целиот свет. Ако нашите претци се
грижеле да го сочуваат ова за нас ние мора истото да го правиме за нашите
потомци да имаат чиста вода, чиста средина која ќе гарантира здрав живот,
рече претседателот Ѓорѓе Иванов.
Знамето ќе биде поттик и натаму да го чуваме најбистрото езеро за брегот на
сите плажи да биде совршено чист.
- Ова претставува Голема чест и гордост за градот Охрид и Охридското
езеро. Акт кој уште повеќе не обврзува да се грижиме за езерото, за неговата
чистина, за чистината на подводните површини, за чистината на околината, да
се грижиме за подводниот свет , изјави Никола Бакрачески
градоначалник на Охрид.
Градоначалникот потенцира дека градот заедно со нуркачите од Охрид секогаш
водел сметка за одржување на хигиената на плажите, но и на подводните
површини.
- Сакам да изразам благодарност до локалниот нуркачки клуб “Амфора”
од Охрид со кој што локалната постојано е во комуникација и во изминативе
неколку години навистина и пред да го добиеме ова високо признание “Белото
знаме” организираа бројни акиии за подводно чистење на езерото. Затоа ја
користам оваа прилика да оддадам огромна благодарност кон нив и знам дека во
иднина заедно во координација со сите организации и државните и локалните
власти ќе продолжат да учествуваат со своите подводни активности за
одржувањее на брегот на езерото, додаде Бакрачески.
Во бордот на “ГУВАА” членуваат Барак Обама, Стјепан Месиќ, актерот Раде
Шербеџија. Глобален амбасадор на светската организација е актерот Арман
Асанте, а амбасадор за Македонија е музичарот Влатко Стефаноски.
- Кога и да дојдам во Охрид јас повторно и повторно се воодушевувам
од чистината на плажите и чистотота на водата. Фасцинантно е ,
изјави Стефаноски амбасадор на “ГУВАА” за РМ.
Бели знамиња покрај во Монако се веат на триесет локации во светот. Меѓу нив
се и националните паркови “Уна” во Босна и “Крка” во Хрватска , на плажата
“Вердула” во Пула и “Топлице”- Блед во Словенија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |