Во завршна фаза се градежните активности за подигање на
повеќенаменското спортско игралиште во населбата Лескајца.
До ставање во функција на објектот останува уште екипите на јавните
претпријатија “ Проаква“ и “Градски гробишта“ да ја довршат започната
мини фонтана и да ги поплочат малите пристапни патеки што водат до неа а ќе
се постави и заштитната гумена подлога во кругот на детското катче.
Првобитната замисла за целосно учество на Општинските јавни претпријатија во
овој проект е исполнет затоа што 90% од градежните и оперативни активности
реализирале тие а еден мал дел приватни економски оператори Во поглед на
обележувањето на спортското игралиште и во дооформувањето на заштитната
ограда на детското катче.
ЈП “Нискоградба“ извршува задачи околу тампонирањето на просторот,
поставување на заштитните огради а ќе биде и задолжено околу
одржување на детските реквизити и играчки кои по изградбата ќе бидат
поставени во повеќе наменското спортско- рекреативно игралиште. ЈП “Градски
гробишта“ е задолжено за поплочување и поставување на бехатон на
теренот и на пристапните патеки кои водат до игралиштето како и
поставување на ивичници за обележување на уредениот простор. ЈП “Охридски
комуналец“ има должност да го исчисти целиот потег околу повеќенаменското
игралиште и хорти културно да го уреди паркот кој е замислен да се
гради во рамките на проектот. Асфалтирањето на теренот го врши
градежната фирма “Илинден“ од Струга.
Проектот ''повеќенаменско спортско игралиште'' е согласно изборната
програма на градоначалникот Никола Бакрачески според која на овој
потег беше планирана изградбата на вакво игралиште и истиот е целосно
финансиран од Општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |