Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
АСФАЛТИРАНИ ОХРИДСКИ УЛИЦИ-ОНАМУ КАДЕ ТОА ГО ДОЗВОЛУВА ЗАБРАНАТА ЗА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ЛЕТО
Untitled Document

Согласно годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид и во тесна корелација со акциониот план за санација на улиците, економскиот оператор АД “Илинден“ по налог и надзор на секторот за комунални дејности продолжува  со асфалтирање на дел од  охридските улици .Во изминатите неколку дена целосно се реконструирани,тампонирани и асфалтирани вкупно четири  краци на три  охридски улици. На улицата  “Јане Сандански“ асфалтиран е крак што води до новоизградени станбени објекти со вкупна површина од 157 м2. Активностите за асфалтирање на овој крак ниту по местоположбата ниту по обемот  не ја нарушуваат забраната за градежни активности во центарот на Охрид која важи во летниов период.    На улица “Ванчо Питошески“ целосно е асфалтиран спореден крак  со вкупна површина од 262 м2.

 Тампонирани и  асфалтирани се два поголеми крака на улица Ѓорѓи Сугарев едниот  со површина од 700 м2 а  другиот  од 760 м2 односно со вкупна површина од 1 460 м2.
Од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици известуваат дека согласно однапред утврдена динамика и во рамки на годишниот план за работа усвоен од Советот на Општина Охрид ќе продолжат со редовното одржување,санирање и асфалтирање на улиците на територијата на Општина Охрид, а со зголемено темпо  по завршувањето на летната сезона.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1322  пати
Објавено на: 01.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©