Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗА МУСЛИМАНСКИТЕ ВЕРНИЦИ ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА ЧЕТИРИДНЕВНОТО ПРАЗНУВАЊЕ НА КУРБАН БАЈРАМ
Untitled Document

Со утринска молитва и ритуалното принесување на курбанот – жртвата, која симболично го претставува приближувањето кон Бога, денес муслиманските верници го започнаа четиридневното празнување на Курбан Бајрам.

Градоначалникот Никола Бакрачески со дел од своите соработници, присуствуваше на настанот на кој беа принесени 10 глави – жртва за празникот, а месото солидарно беше поделено на повеќе од 300 семејства од социјално ранливи категории. Во оваа прилика Бакрачески, честитајќи го празникот истакна:


- Овој ден ги покажува солидарноста и сомилоста како универзални вредности и ние како заедница која се стреми за искрен соживот и разбирање помеѓу сите граѓани, искрено им го честитаме празникот не само на нашите сограѓани, туку и на сите верници од муслиманската вероисповед во Република Македонија. Ваквите денови можат и треба да бидат поврзувачки елемент, за едно похармонично општество со взаемно почитување и уважување меѓу сите граѓани на нашата земја.


Фаик Бајрам, еден од организаторите на настанот, ја изрази својата благодарност до градоначалникот Бакрачески и Локалната самоуправа за поддршката на овој настан, со уверување дека и во иднина ќе се почитува долгата традиција на взаемно почитување и изградба на заедничка подобра иднина за сите граѓани.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1353  пати
Објавено на: 12.09.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©