Советот на општина Охрид, на денешната седница ја усвои Нацрт фискалната стратегија и развојните програми за 2016 година, која по усвојувањето ќе биде поставена на официјалната веб страна и 15 дена ќе биде на јавна расправа.
На седницата беа усвоени Елаборатот за проценка на штети од обилни врнежи од дожд со поплави настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 10.10.2015 година, и одлуките за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комуналните услуги, за донесување план за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи на општина Охрид, за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2035 КО Долно Лакочереј и за пренесување на правото на користење на специјалните возила за собирање и транспортирање комунален отпад на ЈП „ Охридски комуналец“ .
Извор: www.ohrid.gov.mk |