Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на
РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на
општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ШЕСТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ педесет и шестата седница на Советот на општина Охрид на ден
28.06.2016 година (вторник) со почеток во 11,00 часот.
Седницата ќе
се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата
го предлагам следниот :
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записник од 54-тата седница
1. Предлог Одлука за организирање на режимот на сообраќај на дел од
територијата на oпштина Охрид.
2. Предлог Одлука за утврдување на надоместок за поставување на инсталации
во трупот на патот, патниот и заштитниот појас, прекумерно користење на
патот и вонреден превоз.
3. Предлог Одлука за продолжување на работното време на угостителските
објекти.
Предлог Одлука за донесување на проект за инфраструктура за пешачка патека
„Канал Студенчишта – х.Парк“.
4. Предлог Одлука за донесување на проект за инфраструктура за пешачка
патека Табана – Канео – Лабино.
5. Предлог Одлука за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето
на општина Охрид од сите ризици и опасности.
6. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на
ЈП„Градски Гробишта“ Охрид за прием на работници на определено работно
време.
7. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување на
Статутот на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид.
8. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на
годишниот план за вработување во ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за 2017
година.
9. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко
планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на
Кп.бр.2477/1 КО Коњско.
СОВЕТ
НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Гордана
Коњановска
Извор: www.ohrid.gov.mk |