Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПЕТАР РУПЕВ Е СРЕЌНИОТ ФАЌАЧ НА ЧЕСНИОТ КРСТ ВО ОХРИД
Untitled Document

Петар Рупев од Охрид е среќниот фаќач на  Чесниот  Крст   во Охрид за Богојавление – Водици .   Во конкуренција на околу 400 капачи Рупев  го извади крстот од водите на Охридското Езеро.

-Чувството е секогаш посебно. Пресреќен сум што оваа година го фатив Светиот Крст. Исклучок е тоа што оваа година е премногу ладно. Нема некои посебни подготовки. Има само некое чувство што те води на тој ден и ако Господ тоа го сака ќе се оствари. Најважно од се е вербата  во Господ”, изјави непосредно по церемонијата Рупев  за кого ова е трет пат да го најде крстот.

Годинава организатори на настанот беа Општина Охрид и Македонската Православна Црква. Организацијата на случувањето беше една од најдобрите досега со голем број посетители кои крај езерото го посматраа осветувањето на водите.   

-Она што го одликува Охрид со години наназад   е една долга традиција на овој ден. Навистина и атмосферата но и  денешното време се прекрасни, имавме и масовно присуство на граѓани од Охрид но и околината и соседните земји- истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој на среќниот  фаќач на крстот му посака многу среќа, здравје и успех во текот на целата година но и целиот свој живот и го дарува  со Икона  на која е прикажано крштевањето на  Исус.

-На граѓаните на Охрид и на Република Македонија во духот на православното верување им посакувам пред се меѓусебна солидарност, да ги води добра мисла во текот на оваа година , да се движат по патиштата Господови  онака како што верува целиот Христијански народ, како и меѓусебно да си помагаат едни со други-  додаде  Бакрачески и  истакна  дека  годинава било договорено  да не се избира кум, туку кум да си биде секој во својата организација, дом, ресторан и слично.

-Оваа година Охрид е кум на Богојавление , комплетно на целата оваа манифестација и тоа е симболиката која ја договоривме , подвлече  Бакрачески

Празнувањата посветени на Богојавление – Водици продолжуваат утре на Денот на Рибарите а централната манифестација е на Сараиште со почеток во 12 часот. Сите посетители ќе се служат со греана ракија, вино, рибна чорба и пача. За загревање на атмосферата ќе биде задолжена групата „Билјана Јуниор“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1325  пати
Објавено на: 19.01.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©