По налог на Локалната самоуправа градежната оператива на ЈП „Градски
Гробишта” -Охрид започна со реализација на проектот за изведба на трибини на
повеќенаменското спортско игралиште во ОУ „Св. Климент
Охридски”.
Трибините ќе бидат направени од армиран бетон, а финансиската
конструкција на овој градежен зафат изнесува околу 660.000 денари.
Се очекува изведбата да заврши за околу две недели.
Извор: www.ohrid.gov.mk |