Министерството за труд и социјална политика во наредниот период најави континуирано спроведување на проектот „СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ“ преку кој ќе се намали социјалниот ризик од социјално исклучување на граѓаните на државата за задоволување на основните потреби од покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, апарати за домаќинство и др.
Во насока на поголема масовност и ангажираност во Проектот за давање помош на социјално ранливите групи на семејства и лица општина Охрид потпиша Меморандум за соработка со што е приклучи кон активностите на овој хуман гест.
Преку оваа акција сите граѓани кои имаат можност да донираат мебел, апарати за домаќинство, опрема за деца на социјално загрозени семејства може да се јават на бесплатниот телефонски број 080055800 или податоци и фотографии за донацијата да достават на имеил адреса donacija@mtsp.gov.mk.
Граѓаните кои се во социјален ризик и имаат потреба од ваква донација ќе може да се јават на посочениот телефонски број, на имеил адреса или лично да се обратат во центрите за социјална работа или во седиштето на Црвен крст на Македонија.
Акцијата ќе се одвива според принципот „Прв јавен прв услужен“, а воспоставена е и процедура за постапување за учесниците во акцијата. Повиците ќе бидат регистрирани од страна на назначени одговорни лица во Министерството кои ќе водат база на податоци за потребите на граѓаните и точно време на повикот. Одговорните лица, пак, ќе бидат во постојана комуникација со задолжен координатор од месно надлежниот центар за социјална работа и претставникот на Црвен крст при што откако ќе се поврзе донацијата со потребата од донација ќе се организира нејзина достава од страна на Црвениот крст, општината и Асоцијацијата на превозници МАКАМ-ТРАНС кој е вклучен како партнер во акцијата. Во одредени случаи доставата ќе може да ја врши и Министерството за труд и социјална политика за што е распишан и јавен повик. За потребите на акцијата подготвен е видео и аудио спот, а повеќе информации ќе можат да се најдат на веб страницата на Министерството. Откако ќе биде реализирана донацијата на секој донатор ќе му биде врачена благодарница за хуманост од Министерството.
Акцијата се спроведува во соработка со Центрите за социјална работа на Република Македонија и Црвениот крст.
Извор: www.ohrid.gov.mk |