Во поодмината фаза се градежните работи за најубавата и најатрактивна пешачка, велосипедска и патека за ролери која се гради од каналот Студенчишта кон некогашниот хотел “Парк“.
Во моментов надлежните служби на општина Охрид работат на поплочување на велосипедската патека со висококвалитетни гранитни плочки а веќе се поставени и фундаментите за осумте канделабри коишто ќе се наоѓаат на средината од пешачката патека. Исто така на просторот се поставени и фундаментите за осовинско и странично осветлување.
На овие активности им претходеше тампонирање на просторот, поставување на ивичници а целосно се реализираа и земјените работи кои што вклучуваат поставување водоводна линија, атмосферска канализација и електрични инсталации.
Дополнително просторот хорти културно ќе се уредува.
Вкупната должина на патеката е 1 390 м и широчина 12м. Реализацијата на проектот ќе се одвива во две фази и се очекува да заврши во 2016 година. Во првата фаза се градат 210 м.
Изградбата на оваа патека сигнификантно ќе го промени изгледот на овој дел од Охрид.
Вкупната вредност на проектот во првата фаза изнесува 6. 457.500 денари.
Извор: www.ohrid.gov.mk |