По повод „Недела на борба против гладта“ и во рамките на активностите кои координирано ги превземаат локалната самоуправа и општинската организација на Црвениот крст од Охрид за прибирање на прехрамбени намирници за лицата од социјалните категории, утре во 11:30 часот градоначалникот Бакрачески заедно со претставници од советот на општина Охрид и локалната администрација ќе го посети „Тинекс“ маркетот лоциран на 7-ми Ноември и со свој прилог ке придонесе за поддршка на оваа хуманитарна акција.
Извор: www.ohrid.gov.mk |