Градоначалникот Никола Бакрачески денеска на пригодна свеченост го стави во употреба плоштадот во населба Рача , што општината заедно со јавните претпријатија го градеше и уредуваше во изминативе два месеци . Со изградбата на плоштадот неуредениот простор во кој дел од мештаните дури депонираа отпад доби нов уреден лик.
-Успеавме да направиме плоштад во површина од околу 355 метри квадратни со додатна површина за детски реквизити. Вкупната површина е 520 метри квадратни во кои што се вградени пешачки зони изработени од бехатон и гранитни плочи. Изработена е фонтана. Спроведени се инсталации за вода и за електрична енергија. Поставени се канделабри и клупи. Просторот хорти културно е осмислен. Со изградбата на овој плоштад најдено е современо решение за уредување на јавна површина во оваа урбана заедница. Плоштадот е убаво катче на кое мештаните ќе се забавуваат,рекреираат и одмараат, изјави градоначалникот Бакрачески.
Во населба Рача изведена е и нова водоводна линија во должина од 78 метри. Истовремено е продолжен крак за снабдување со вода на фонтаната во паркот во должина од 16 метри. При изведбата на водоводната линија извршено е и ново приклучување на 11 домаќинства.
Проектите во Рача односно новиот плоштад и водоводната линија се дел од ветувањата на Градоначалникот кои по средбите со граѓаните на оваа урбана заедница беа оценети како приоритетни.
Надлежните при општина Охрид со апел до Урбаните и Месните заедници да доставуваат барања за вакви или слични проекти и активности бидејќи согласно политиките на градоначалникот Никола Бакрачески, решавањето на комуналните проблеми на граѓаните треба да биде во најтесна корелација со нив.
Извор: www.ohrid.gov.mk |