Директорот на Јавното претпријатие „ Градски пазар“ Тони Коталески, на денешната прес конференција информираше за подготовките за изградба на затворениот пазар.
- Ќе почнам со најзначајните и најкапиталните проекти, а тоа е секако изградбата на нов затворен современ зелен пазар, кој го вети Градначалникот Никола Бакрачески и истиот беше дел од изборната програма на ВМРО ДПМНЕ за локалните избори 2013 година како еден од приоритетните проекти, и еве веќе за нецела година имаме успеси, процедурата е при крај, за скоро време се очекува распишување на тендер за доделување на договор за Јавно Приватно Партнерство и негова изградба за да конечно Охрид како туристички центар добие затворен современ зелен пазар, - изјави директорот Коталески.
Тој додаде дека во склоп на затворениот зелен пазар, предвидено е да функционираат повеќе содржини, шопинг центар, паркинг, магацински простор за корисниците на зелениот пазар, административни простории и сл. Потребната планска документација е завршена, а одобрена е и физибилити студијата за економската оправданост на проектот. Се очекува до крајот на Јануари да се објави тендерот за јавно приватно партнерство.
Во тек е изработка на Веб страна, која постојано ќе се ажурира со цел полесно и побрзо информирање на коминтентите.
- Во ова прилика сакам да Ве информирам и за финансиската состојба која е затекната со доаѓањето на оваа локална власт, конкретно со негативното салдо и повеќето неисплатени обврски према добавувачи, паушали за управни и надзорни одбори и други финансиски обврски кои што се наследени од претходната локална власт и раководство на ЈП Градски пазар. Сега ситуацијата е променета односно ЈП „Градски пазар“ во изминатиов период, успеа да ги намали финансиските долгови, да ги исплати сите заостанати паушали за УО и НО и да го донесе претпријатието во една добра финасиска состојба, - додаде Коталески.
ЈП „Градски пазар“ воспоставува конкретни процедури за извршување на работните задачи на сите вработени и тоа во правец на едношалтерски систем. Оваа година се очекува да отпочнат и други позначајни активности и проекти, како изградба на мини пазари за земјоделски производи пред се во летниот период, цветен пазар и современи цвеќари, пазар за продажба на моторни возила. Исто така планирано е формирање на нов сектор за соработка со производители на органски здрава храна и активности за подобрување на енергетската ефикасност со користење обновливи извори на енергија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |