Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ СРЕДУВА СОСТОЈБАТА СО ДЕПОНИИТЕ НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА
Untitled Document

Во насока на средување на нецивилизираната состојба со депониите на градските гробишта, денес во посета на Ј.П "Градски гробишта" беше Градоначалникот Бакрачески со своите соработници, за на терен да ја согледа ситуацијата и превземените активности за надминување на затекнатата состојба. За превземените акции за санација на депониите и останатите недостатоци во работата, изворно беше информиран од  В.Д директорот на ова јавно препријатие, Зоран Симоновски.

Ситуацијата во Ј.П Градски Гробишта од организациски, финансиски и од комунален аспект е многу серизна и нејзиното решавање е предизвик за новото раководство.

- Пред утрешниот и задутрешниот ден кога граѓаните масовно доаѓаат да одадат почит кон починатите, презедовме мерки да се среди просторот. По преземањето на мандатот службите направија увид во ова претпријатие и гробиштата каде се најде една катастрофално лоша ситуација со илајдници кубни метри смет и отпад кој беше донесен веројатно од градот во кампањата, гробиштата не беа санирани, патиштата кои се меѓу парцелите беа ужасно неуредени со трева и коров, парковите неуредни изгледаа недостоиснтвено за сите граѓани без разлика од која вероисповест се граѓаните . Веднаш направивме план за расчистување на ѓубрето и сметот кој го имаше околу гробиштата и да ги санираме улиците и тротоарите. Јас од она претходно што го видов и сега што го гледам по акцијата која ја спроведовме сум доста задоволен, гледам улиците се исчистени, тревата ја нема на ивичниците, посадено е сезонско цввеќе , ѓубрето е подигнато, дислоциран е сметот, и ова што го гледам е задоволително.истакна Градоначалникот Бакрачески.

Според информациите од Јавното Претпријатие, досега се подигнати 250 камиони шут и ѓубре и исчистен е целиот простор. Во акцијата за средување на состојбите се вклучија сите општински јавни претпријатија, како и Противпожарната бригада која неколку денови со цистерна го чистеше просторот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1251  пати
Објавено на: 04.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©