Претседателката на охридскиот совет , Гордана Коњановска и заменик
градоначалникот Ангел Јанев заедно со Премиерот на Р. Македонија , Никола
Груевски и со министерката за култура Елизабета Канческа -Милеска денеска
беа во манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид
каде со поддршка на Владата на Р. Македонија целосно
е завршен проектот за заштита на камбанаријата , која е донација од
познатиот научник во светски рамки, Михајло Пупин.
Наредниов
период ќе продолжи и непосредната заштита на фрескоживописот во црквата, а
ќе се одвиваат и работи за конзервација на манастирскиот конак,
активности што се предвидени во Програмата на Владата на Република
Македонија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |