Традицијата да се избира најубаво украсен новогодишен двор, продолжува и оваа година. Конкурсот за пријавување на граѓаните започнува со денешниот ден, а завршува заклучно со 25 декември. Посебна комисија од локалната самоуправа, во периодот од 26 до 30 декември, ќе ги посети сите граѓани кои ќе учествуваат во акцијата. Резултатите и наградите за најубавите празнично украсени дворови, ќе бидат објавени по новогодишните празници. Повеќе информации за акцијата – тука:
Извор: www.ohrid.gov.mk |