Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ВО ОУТУ „ ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“
Untitled Document

Во соработка со Младинскиот совет од Охрид во рамките на програмата за „Промоција на позитивни вредности“, како дел од тематската целина за „Креирање позитивни модели на идентификација“ во ОУТУ „ Ванчо Питошески“  се одржа едукативна работилница за учениците на возраст од 15до18 години. Сваесетина ученици од прва до трета година во училишниот двор, распоредени во круг, работеа  на  дефинирање  позитивните вредности кои ќе им дадат насока за правилно функционирање и развој на нивната личност.

Преку активности за истакнување на она што им е најзначајно во животот, учениците учеа за идентитетот како чувство за сопственото ЈАС и промените кои се случуваат, свесноста за нивните потреби и чувства, доживувања и односите со другите луѓе, како и сопствените отпори, очекувања и вредности. Преку осознавање за поимот идентитет и негово прифаќање, беше разговарано за начинот на кој во текот на животот низ процесот на социјализација, се усвојуваат многу вредности.

Преку разни техники во рамки на работилницата, со цел да се креираат позитивните вредности, учениците работеа во групи, на истакнување на повеќе значајни карактеристики на пријател на кој му веруваат, а потоа секој ученик пред целата група ги наведуваше тие карактеристики. На учениците им беше дадена и задача да забележат колку кај себе ги поседуваат истите карактеристики и да ги оценат бројчано од 1 до 10.

Учениците истакнаа дека вредностите кои ги бараат кај другите во најголем дел и ги поседуваат во нив, меѓутоа е значајно кога се негуваат позитивните карактеристики, бидејќи тие овозможуваат правилно развивање. Свесни дека вредностите кои ги истакнаа се вредности кои најмногу се почитуваат и кога се поседуваат, тогаш се добиваат пријатели, а се губат кога се пројавуваат спротивни вредности на овие. Тогаш кога се трудат да ги стекнат позитивните карактеристики со желба да ги развиваат во голема мера и да ги негуваат, без да бидат притиснати од семејството и средината и општеството, осознаваат дека таквите вредности имаат огромно значење во нивниот живот, 
Во иднина училиштето ќе продолжи со организирање на едукативни трибини, тркалезни маси, работилници, дебати за млади преку кои кај учениците ќе се подигнува општата свест во насока на воспитно-образовниот процес.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1330  пати
Објавено на: 23.05.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©