Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ДОМАЌИН НА ЦЕНТРАЛНИТЕ СЛУЧУВАЊА ПО ПОВОД 1 100 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА СВ. КЛИМЕНТ
Untitled Document

Со низа културни и научни  содржини на највисоко државно ниво , на 8. август (понеделник), во Охрид ќе бидат одбележани  1 100 години од упокојувањето на Свети  Климент – Охридски.

Носителите  на одбележувањето на овој значаен јубилеј,  Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, Општина Охрид,  Македонската академија на науките и уметностите и   универзитетот „Св. Климент Охридски" од Битола  најавуват впечатливи случувања.

Свеченостите започнуваат  во црквата Св. Софија  каде во понеделник точно напладне ќе биде отворена  изложбата „Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“. Изложбата ќе ја отвори академик Цветан Грозданов
Централно случување на настанот ќе биде  Свечената Академија  закажана за 21 часот на Античкиот театар во Охрид. Поздравно обраќање ќе има Претседателот на државава, Ѓорѓе Иванов по што претседателот на МАНУ, академик Таки Фити ќе говори на тема, „Трајните пораки на Св. Климент Охридски со кои опстојуваме низ столетијата“. Пред присутните на Античкиот театар ќе се обрати  и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и претставници на странски академии.

Чествувањата по повод, 1 100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски ќе завршат со свечен концерт  на Симфонискиот оркестар на Македонската Филхармонија. Солисти на концертот ќе бидат Ана и Игор Дурловски, а диригент Бојан Цанев.   

Одбележувањето на 1 100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски е вклучено во Програмата на Општина Охрид  за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2016 година.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1363  пати
Објавено на: 05.08.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©