Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Со верификација на мандатот на новоизбраните членови на Советот на општина Охрид и  дадената свечена изјава за совесно вршење на должностите согласно Уставот, Законот и прописите на Советот денеска беше конституиран петтиот состав на Советот на општина Охрид.

Во  новиот состав на Советот на општина Охрид влегуваат 12 советници од Коалицијата  предводена од ВМРО-ДПМНЕ : Јованка Точко, Дејан Пановски, Сашо Донев, Климе Шешоски, Илија Арнаудоски, Гордана Коњановска, Љубомир Чаулев, Јадранка Василеска-Здравеска, Иљат Ибраим, Ангел Јанев, Славица Петровска, Коста Трифуноски; Осум советници се од листата на Сојузот за иднината : Јован Стојаноски, Александар Калачоски, Оливија Пирузева- Јанева, Дејан Блажески, Томислав Тунтев, Жаклина Лазаревска, Јоне Станковски, Верица Хајба и тројца членови носители на независни листи: Павел Попоски, Кујтим Усеини и Љупчо Настоски.

Седницата беше прекината, а за продолжението остана една точка од Дневниот ред – Избор на Претседател на Советот на општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1432  пати
Објавено на: 08.04.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©