Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СЕ ПОКЛОНА ПРЕД СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕТО НА ИЛИНДЕНЦИТЕ ВО ВЕЛГОШТИ
Untitled Document

Во очи на големиот национален празик 2ри Август, Денот на Републиката, денот кога се удрија темелите на македонската државност, градоначалникот Никола Бакрачески во Велгошти се поклона пред спомен обележјето на Илинденците, по што имаше и прогодно обраќање.

Денес, во предвечерието на најголемиот и најсветлиот македонски празник, Илинден, ми претставува особена чест и пријатно задоволство, да присуствувам во историското и слободарско Велгошти, местото каде што е формирана првата востаничка чета на ТМОРО во Охрид и охридско. Тука, во манастирот „Св. Петка“,поставени се темелите на востаничкото организирање во Охрид, а  за тоа еден од свидетелите на тој настан, војводата Андреј Христов ќе рече: „Во цела Македонија и Одринско има веќе силна подготвка за слобода. За таа цел и тука во нашава околија се создава, драги јунаци, во вашето лице, првата охридска чета. Ако вие навистина сте решиле да му служите на тој идеал, ви предлагаме овде да земете заклетва“. На повикот за востание, преку 2000 охриѓани, меѓу кои и 200 велгоштани, застанале под македонското црвено знаме, на кое пишувало „Смрт или слобода“. Идеалите на славните илинденци од 1903-та ќе ги остварат многу години подоцна другите генерации македонски јунаци, со победата во Втората светска војна кога се удрени темелите на Македонската држава. На сто и тринаесет годишнината од првиот Илинден од 1903-та и 72 годишнината од АСНОМ, Илинденската епопеја и денес е жива во Велгошти, а Вие драги Велгоштани сте најдобрите чувари на илинденските идеали за слободна и самостојна Македонија, рече градоначалникот Бакрачески во своето обраќање пред присутните.   

Денот на Крушевската Република, во Велгошти, традиционално се одбележува со поклонување и положување на цвеќе пред споменикот на Илинденците, а е проследен со културно – уметничка програма. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1372  пати
Објавено на: 01.08.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©