Покриениот зелен пазар во кој е предвидено да функционира и мал шопинг центар, ќе биде прв од покрупните проекти што ќе го реализира Општина Охрид оваа година, а го вети градоначалникот Никола Бакрачески во изборната кампања.
- Веќе е завршена комплетната планска документација, зелено светло доби и физибилити студијата за економската оправданост на проектот. Очекуваме дека до крајот на месец јануари ќе се објави тендерот чија должина зависи од должината на изборниот циклус, со оглед на тоа што во согласност со препораките на анти корупциска комисија во изборен циклус не може да се спроведуваат тендерски постапки ,а ние тоа мора да го почитуваме.
Вториот од големите проекти кои ги најавуваме е замена на уличните постоечки светилки со штедливи, со што општината се приклучува на програмата за енергетска ефикасност, рече градоначалникот Бакрачески.
- И за овој проект тендерот би требало да оди до крајот на овој месец . Со проектот Охрид ќе добие најсовремено осветлување во Република Македонија. Тоа не подразбира само замена на постоечките со штедливи- лед светилки, туку тоа подразбира и проширување на уличното осветлување . В о одредени делови онаму каде што стручните служби наложија дека има потреба да се реконструира односно ќе се надогради мрежата. Тоа подразбира илуминација на парковите и на културно- историските споменици во Охрид и потполно ново осветлување на стариот град со традиционални фенери.
До крајов на годинава ќе се започне со градба на затворениот олимписки базен, најави градоначалникот Никола Бакрачески
- Во моментов се работи основниот проект за изградба на овој затворен олимписки базен, кој ќе биде еден од најсовремените во Македонија. Проектот ќе се реализира со средства од Агенцијата за млади и спорт.
Градоначалникот Бакрачески, рече дека ќе биде реализиран секој проект што е ветен во изборната кампања, а се однесува на развојот и доброто на Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |