Општина Охрид,Сектор за урбанизам и заштита на животна средина по повод одбележувањето на Денот на планетата Земја -22-ри Април, организира акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема. Овој вид отпад спаѓа во опасен отпад и не смее да се меша со останатиот комунален отпад.За таа цел овој вид отпад ќе го собира и третира фирма која од Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ има соодветна дозвола.
Акцијата ќе се спроведе во три дена и тоа на 18, 19 и 20-ти април 2013 година од 10 до 18 часот на две локации:
1.Полигон за мали спортови на ул. „Партизанска“ кај ресторан „Европа“
2.Просторот пред продавницата за акумулатори „АКУМА ТРЕЈД“ на ул. „15-ти Корпус“ бр.104 на патот за с. Лескоец
Се молат институциите, фирмите и граѓаните кои поседуваат неисправни монитори, компјутерски процесори, принтери, тастатури и останата компјутерска опрема, како и телефони, вентилатори, звучници, правосмукалки,телевизори и други апарати од домаќинството да ги донесат до најблиската за нив локација.
Извор: www.ohrid.gov.mk |