Делегација на Општина Охрид предводена од раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски учествуваше на “Јадранскиот саем за туризам и исхрана“што од 3 до 5 април се одржа во Будва – Република Црна Гора.
По традиција Охрид е редовен гостин на јадранскиот саем кој се одржува во Будва,градот со кој Охрид е збратимен во далечната 1984 година и оттогаш, двата како што ги нарекуваат бисери на туризмот, охридскиот во Македонија и будванскиот во Црна Гора имаат нераскинливи врски и постојано работат на интензивирање на соработката особено во сферата на туризмот.
Во рамки на посетата, раководителот Рафтоски имаше работна средба со заменик- градоначалникот на Будва, Љубомир Филиповиќ и со амбасадорот на Унгарија во Црна Гора, Христијан Поса . Во насока на поголема туристичка промоција на Охрид во Будва, Рафтоски го информира заменик- градоначалникот на Будва, Филиповиќ со започнатите и идните проектите на Општина Охрид кои се однесуваат на економско и туристичко заживување на градов.
Амбасадорот на Унгарија во Црна Гора , Поса и раководителот Рафтоски, разговараа за започнатиот процес за збратимување на Охрид со унгарскиот град Веспрем, а ја разгледуваа и можноста за збратимување на Охрид со езерскиот град Шиофок кој излегува на познатото унгарско езеро Балатон. Со оглед на тоа што еден ден пред почетокот на саемот, Будва се збратими со Шиофок беше заклучено дека блиските врски меѓу трите балкански туристички центри Шиофок –Будва – Охрид се многу значајни за развој на туризмот во трите земји: Унгарија, Црна Гора и Македонија.
На средбата беше истакнато дека идната блиска соработка меѓу Охрид и унгарските градови би значело заедничко аплицирање со проекти пред европските фондови што е од особено значење за економски развој на двете земји.
При престојот во Будва, охридската делегација оствари средби со јавни личности од економскиот и културниот живот во Црна Гора, како и со претставници од црногорските туристички агенции и познати тур - оператори при што беа разменети искуства за унапредување на туристички развој на Македонија и Црна Гора.
Извор: www.ohrid.gov.mk |