Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КООРДИНИРАНО ПРОТИВ ВАНДАЛИТЕ ШТО ГО УНИШТУВААТ ИМОТОТ НА УЧИЛИШТАТА И ГРАДИНКИТЕ
Untitled Document

На состанок што се одржа денес  со претставници од Секторот за внатрешни работи, претседатели на Урбани заедници,  директори на основни училишта и детската градинка ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ се разговараше за проблемите со уништување на имотот во училиштата и градинките. Целта беше заеднички и координирано да се изнајдат решенија за справување со зачестената појава на вандалско уништување на имотите особено во детските градинки и училиштата.

Беше договорено да се зајакнат полициските патроли особено во вечерните часови, во близина на градинките и училиштата, а особено на местата кои се познати како собиралишта на млади луѓе со асоцијални појави. Во тој сегмент, како што беше речено, потребно е да се организираат  состаноци помеѓу урбаните заедници, полицијата , училиштата и градинките.
Општината Охрид  во рамките на своите надлежности потребно е да вложи напори за подобро осветлување на училиштата и  градинките и поставување на видео надзор. Со тоа ќе се овозможи поголема прегледност во околината на објектите, што е можност за вклучување на граѓаните, кои доколку видат некое незаконско дејство, веднаш да го пријават во полицијата.

Поради интензивирањето на појавата на уништувањето на имот , учесниците на средбата, сметаат дека е потребна и поголема вклученост на јавноста и подигнување на јавната свест.Во таа насока, како што беше потенцирано  медиумите треба да се информираат за девијантните појави, да се организираат соседски патроли и да се остварува поблиска соработка на граѓаните со реонските полицајци.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1312  пати
Објавено на: 30.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©