Врз основа на објавениот јавен повик 1/2013 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата) кој е објавен на 08.07.2013 на интернет страниците на Секторот за управување на ИПАРД и Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, Секторот за ТЛЕР при Општина Охрид организира едукативни работилници со цел заинтересираните страни и пошироката јавност да се запознаат со можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програмата 2007-2013 и начинот на користење на средства од програмата.
Работилниците ќе се одржат:
- Косел, во просториите на некогашната Општина Косел на 06.08.2013 (вторник) во 20.00 часот за селата Косел, Опеница, Вапила, Лескоец, Ливоишта, Велгошти.
- Пештани, во просториите на училиштето Св.Наум Охридски на 07.08.2013 (среда) со почеток во 20.00 часот за селата Елшани, Пештани, Коњско, Трпејца, Љубаништа
Ги покануваме сите зинтересирани граѓани, земјоделци, правни и физички лица да присуствуваат на работилниците и да се запознаат со можностите кои ги нудат измените на ИПАРД Програмата 2007-2013 и начинот на користење на средствата.
Извор: www.ohrid.gov.mk |