Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД И ОВАА ГОДИНА ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА ЗА „ОПШТИНСКО КОРИСНА РАБОТА“
Untitled Document

Општина Охрид, преку Секторот за ТЛЕР  четврта година во континуитет агажира невработни лица преку програмата „Општинско- корисна работа“ која е дел од поголемиот проект за оддржливи вработувања и се спроведува со поддршка на Владата на Македонија и UNDP.  Станува збор за активност која на долгорочно невработени лица им нуди шанса за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време, а сe со цел стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд.

Општина Охрид оваа година ќе ангажира 5 лица во детската градинака ЈОУДГ Јасна Ристеска со цел да се збогати и подобри едукативната и образовна програма за правилен раст и развој на најмладите во општината. Ќе бидат ангажирани следните профили:
 
*1 Психолог ,  
*1-Дипломиран дефектолог,    
*1-Дипломиран педагог по физичко воспитување, 
*2-Дипломиран професор по англиски јазик и книжевност
 
 
Со оваа програма се овозможува работно ангажирање на долгорочно невработените лица од една страна кои ќе имаат можност да се стекнат со дополнителни вештини и комептенции, а од друга страна дечињата ќе имаат можност за дополнителна едукација и правилен присофизички развој.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1388  пати
Објавено на: 23.09.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©