Општина Охрид во соработка со СВР , Црвен Крст,
Извиднички одред „Пионер“, детската градинка и основните училишта, денеска
по повод Светскиот ден на здравјето, во паркот наспроти Центарот за култура,
ги одржаа традиционалните спортски игри „Живеј здраво- Живеј безбедно“
.Учесниците и организаторите ги поздрави градоначалникот Никола Бакрачески.
-Целта на проектот е преку спортот и дружењето да се превенира употребата
на дрога, алкохол и цигари, за што учениците од основните училишта, ќе
промовираат здрави животни стилови. Нашата обврска како општествена заедница
е уште од рана возраст да ги воспитуваме младите од опасностите кои ги
демнат и постојано да ги предупредуваме за несогледивите последици од
употребата на дрога, алкохол и цигари, зошто тоа се лоши навики кои
предизвикуваа сериозни оштетувања на организмот.
Општествената заедница и ние како нејзин дел, цврсто сме определени да
ја продолжиме борбата против зависностите, преку вакви и слични проекти.
Денес, младите преку игра ќе се забавуваат, меѓусебно ќе се дружат и ќе
испратат порака до своите врсници дека спортот е само еден од начините да
се спротистават на користењето дрога,алкохол и цигари- рече градоначалникот
Никола Бакрачески.
На игрите, заедно со извидниците од одредот „Пионер“, секое од основните
училишта имаше своја екипа , волонтерите од Црвен Крст презентираа техники
за укажување прва помош, а најмладите од ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ цртаа
композиции поврзани со здравиот живот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |