Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПО НАЛОГ НА ОПШТИНА ОХРИД, ЈП “ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ“ УТРИНАВА ЈА РАСЧИСТИ МИНИ-ДЕПОНИЈАТА НА ГРАДСКИОТ ПОЛИГОН
Untitled Document

По реакцијата на граѓаните дека на поранешниот полигон за Мали спортови се оставени најлонски  вреќи и дека целиот простор е претворен во мала депонија, општина Охрид веднаш им даде налог на надлежните од  ЈП “Охридски комуналец“ да го исчистат просторот  и да го отстранат отпадот.


 Екипите на  ЈП “Охридски комуналец“ од утринава беа ангажирани на просторот   во расчистување на натрупаниот отпад. Бидејќи се работи за приватен имот на местото беа присутни и претставници на општинскиот инспекторат.


Општина Охрид, уште еднаш  им укажува на  сопствениците на приватен имот кој од различни причини е неуреден и  на него се депонира отпад,  самите да  го одржуваат, или да склучат договор со општинското комунално претпријатие .Во спротивно општинскиот инспекторат ќе преземе соодветни мерки, согласно законските прописи.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1305  пати
Објавено на: 17.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©