По повод Новогодишните празници, Општина Охрид за период од 20 Декември 2013 до 20 јануари 2014 година издава продажни штанд- пултови на градскиот плоштад. За продажните штанд- пултови од 5м2 почетната цена изнесува 15.000,оо денари по штанд а за тие од 4м2, 12.000,оо денари по тезга.
Во почетната цена за издавање на локација не се содржани комуналната такса, одржување на хигиена и приклучок и трошок на електрична енергија.
Понуда може да достават сите физички и правни лица регистрирани за вршење на дејност.
Учесникот на огласот -понудувачот треба да достави:
- Документ за регистрирана дејност, издаден од Централен регистар на РМ или соодветен документ - доказ дека припаѓа на соодветно здружение (не постар од 6 месеци);
- Потврда дека нема заостанати обврски кон Општината по основ комунална такса и закуп на урбана опрема;
- Понуда на унифициран образец (Унифицираниот образец може да се подигне во Општина Охрид).
- Уплатница на име депозит за учество во висина од 3000.оо денари за секоја тезга- пулт посебно.
Понудите треба да се достават најкасно до 16.12.2013 година до 16 часот преку пошта, лично во архива или пред отворањето со лично предавање до Комисијата. Понудите пристигнати после наведениот рок нема да се разгледуваат. Истите треба да биде доставени во затворен коверт со назнака,,До Општина Охрид, ул.„Димитар Влахов“ бр.57 - 6000 Охрид за оглас 08/2013 (изнајмување на тезги- пултови), со задолжителна назнака ,,Не отворај’’.
Понудите да бидат со важност од 30 дена.
Депозитот за учесниците кои нема да добијат локација на јавното наддавање е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат локација на јавното наддавање ќе се одбие од вкупната цена на склучениот договор.
Издавањето на штанд- пултовите ќе започне по склучувањето на Договорот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |