Охрид годинава очекува плодна летна туристичка сезона со
поголем број странски туристи во однос на изминатите години. Од 1-ви
јули годинава стартуваат дирекните авио линии Охрид- Базел
и Охрид- Лондон а по поволни цени се очекува да се патува и до Истанбул.
-Охрид од 1-ви јули доби директна авио -линија на релација Охрид
-Базел и тоа два пати неделно. Вчера е избран најповолниот понудувач за
воспоставување директна авиолинија Охрид -Лутон (Лондон) исто од 1-ви јули
со фреквенција два пати неделно. Голема е веројатноста да успее лобирањето
на парламентарците во турскиот парламент кои имаат корени од Охрид за
воспоставување на директна авиолинија Охрид -Истанбул и тоа три пати
неделно. Набрзо ќе се случат мега промоциите на туристичките потенцијали на
Охрид пред професионалната јавност во Белград, Сараево, Софија, Љубљана,
Осло, Брисел, Тел Авив, Истанбул, Москва и Нингбо (Кина). Оваа година ќе се
изработи промотивно видео и неколку кратки спотови за туристичката понуда на
Охрид од страна на професионална маркетиншка куќа, кое ќе биде споделувано
по целиот свет, посочи градоначалникот, Никола Бакрачески.
Кинески
туристи го скенираат Охрид како привлечна туристичка дестинација а многу
добро е што проектите од типот на најсовремена пешачка патека на
потегот од каналот Студенчишта до некогашниот хотел “Парк“ чија реализација
започнува многу наскоро како и изградбата на најсовремената плажа во
населбата Лагадин, дополнително ќе привлечат поголем број туристи во Охрид.
- Потпишан е меморандум за соработка со бирото за туризам од Далијан
, најголемо и нај развиено во Кина. Во април- мај 2015 најголемата
телевизиска куќа од Далијан со гледаност од 200 милиони гледачи ќе снима
телевизиска репортажа за Охрид која ќе биде емитувана неколку пати во текот
на 2015/2016. Лани тоа го направија три национални медиумски куќи од Турција
и една од Чешка Република а најавено е снимање на нови репортажи на нивни
колеги за оваа година. Истото оваа година ќе го направат и медиумски куќи од
Израел. Од мај оваа година општина Охрид ќе воспостави директна соработка со
универзитетот за туризам од Питсбург - Пенсилванија во делот на маркетинг на
Охридската туристичка понуда. За неколку дена започнува да се гради
најубавата и најатрактивна пешачка, велосипедска и патека за ролери (
променада) од каналот “Студенчишта“ кон хотел Парк која сигнификантно ќе го
промени изгледот на тој дел од градот. Почна изработката на проектната
документација за кејот на Охрид кој ќе почне да се реконструира кон крајот
на 2015 и почеток на 2016 и заедно со пешачката зона после каналот ќе биде
една од најубавите рекреативни променади на медитеранот. Оваа година
започнува изградбата на најатрактивната плажа во Македонија а и пошироко кај
населбата Лагадин во должина од 500м, подвлече градоначалникот
Бакрачески.
Извор: www.ohrid.gov.mk |