Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПО ПЕТТИ ПАТ МЕЃУНАРОДЕН МЕДИЦИНСКИ КОНГРЕС ВО ОХРИД
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески синоќа присуствуваше на отворањето на петтиот Меѓународен Медицински Конгрес на форумот на лекарските асоцијации на Југоисточна  Европа, што од вчера  до 14 септември се одржува во градов.
Посакувајќи им топло добредојде во Охрид,  на учесниците  кои се  од 17 европски земји а чиј број достигнува над 400 лекари од различни области, градоначалникот Бакрачески истакна дека  ваквите собири се особено значајни за разменување на искуства, знаења  и најнови достигнувања од областа на медицината.

Како медицинско лице, јас сум убеден дека ваквите конгреси се едни од најдобрите начини  за ширење на  новитетите во медицинските науки. Ова е начин  да се споделат личните искуства  како и последните технички и научни достигнувања во медицинските истражувања. Убеден  сум дека сите  Југоисточно- европски земји се соочуваат со истите предизвици за подобрување на здравствените системи и услуги. На овој собир, важните заеднички  теми на разговор ќе бидат поврзани со  финансиските и останатите, реални  проблеми  во здравствените системи на земјите од Југоисточна Европа, истакна градоначалникот Бакрачески кој им посака успешни работни денови на учесниците со желба да ги видат  природните и културно историски убавини со кои плени Охрид како град кој заедно со уште 28 други градови е под капата на УНЕСКО.

Претседателот на македонското лекарско друштво  и ко –претседател на организациониот одбор на конгресот SEEMF, проф. д-р Јован Тофоски изрази задоволство што 5-от јубилеен  Меѓународен медицински  конгрес  се одржува во Охрид.

Ми претставува чест и задоволство што  5-от Меѓународен медицински  Конгрес  во Македонија се одржува во Охрид, градот во кој во 2004 година се роди идејата на SEEMF за основање на овој конгрес, потсети проф. д-р Тофоски.

  Пред присутните се обрати и Деканот на медицинскиот факултет проф. д-р Никола Јанкуловски

Секогаш кога има вакви големи настани , кога има вакви големи конгреси тие ни помагаат да согледаме до каде сме стигнати со развој на научната мисла , научно- истражувачката работа  на медицинската пракса кај нас во однос на земјите кои се учесници на вакви конгреси, рече    проф. д-р  Јанкуловски, кој посочи и на важноста од едуциран медицински кадар како основа за добри медицински резултати во  соодветната област.    

Меѓународниот медицински конгрес кој во Охрид донесе над 400 лекари од Македонија, Албанија,Грција, Турција, Бугарија, Црна Гора, Србија, Република Српска, Словенија, Романија, Украина, Узбекистан, Русија, Казахстан, Азербејџан, Латвија и други земји, е добар показател  дека Охрид е секогаш привлечен и има услови за развој на конгресниот туризам.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1420  пати
Објавено на: 11.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©