Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ГРАДОВИ ВО ЕВРОПА
Untitled Document

 Охрид, град кој се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и е лоциран на североисточниот брег на Охридското Езеро, најпрепознатливиот бренд на Република Македонија  во Европа и Светот, кој со своите природни, културни, духовни и историски посебности е бележит дел на македонската и европската историја од неодамна се вброи помеѓу 30-те најубави мали градови во Европа, како топ дестинација која несебично нуди прекрасни моменти и уживање преку бројните видови туризам.  


 Интернет страната, Телеграф Травел, која постојано информира за прекрасните дестинации кои треба да се посетат, го наведе Охрид како атрактивна дестинација која мора да биде дел од туристичката понуда.
 


Градот чија номинација за „природно и културно наследство на Охридскиот регион“ е впишана во Комитетот за светско наследство и е на листата на УНЕСКО како дел од Светското културно наследство, несомнено го заслужи епитетот на бисер во богатата ризница на светското  културно и природно богатство и посакувана туристичка дестинација.
 
 


Изборот на листата со градови е направен од страна на 300 туристички агенции од Јапонија кои сметаат дека наведените градови во Европа се најубави и дестинации кои „мора“ да се посетат.


Линк:  http://www.telegraph.co.uk/travel/travelnews/12129402/The-30-most-beautiful-towns-in-Europe.html

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1436  пати
Објавено на: 11.02.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©