Денеска во црквата Св. Никола Геракомија официјално беше извршено примо предавање на кумството меѓу стариот кум на Богојавление- Водици Стојан Ѓоргоски и годинешните кумови Градоначалникот Никола Бакрачески и бизнисменот Сашо Симески.
Чинот на свеченото предавање на светото кумство кое денес го реализиравме е една од најголемите духовни вредности со кои што можеме да се закитиме како кумови . Ова е голем радосен момент за еден охриѓанец и Македонец што воедно претставува и една обврска за нас, овие радосни мигови да ги споделуваме со сите наши сограѓани со пријателите , роднините, познаниците. Обврска да ги споделуваме и хуманите, моралните и етичките вредности меѓу населението и да ја шириме позитивната енергија меѓу нив, рече градоначалникот Бакрачески
Минатогодишниот кум на манифестацијата Стојан Ѓоргоски го честита кумството на новите кумови посакувајќи им здравје, бериќет и успех во работата.
Ја користам оваа прилика да им го честитам празникот Богојавление – Водици на сите христијани и воедно да ги поканам сите домашни и странски гости да повелат во недела да дојдат во Охрид масовно како што тоа го сторија лани така и годинава , уште помасовно да ги почестат годинешните кумови а и тие нив, потенцира Ѓоргоски.
Одбележувањето на празникот Богојавление Водици започнува вечерва а завршува во понеделник со масовното капење кај Сараиште.
Извор: www.ohrid.gov.mk |