Централниот настан на културно – забавната манифестација „Бело Лето“ ќе
се случи вечер во 21:00 часот, на Градскиот плоштад. За добрата забава ќе се
погрижат популарната музичка група „Нокаут“ и познати ди џеи.
Претходно ќе се одржи промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад
започнува годинешната културно – забавна манифестација „Бело Лето“.
Посетителите на оваа промоција ќе имаат можност да се запознаат со
традиционалните занаетчиски изработки на занаетчиите од градот, а исто така
ќе им биде понуден и попуст од 20% за оние кои сакаат да купат некоја
изработка.
И оваа година во манифестацијата се вклучени голем број угостителски објекти
кои своите услуги ќе ги нудат со пониски цени од 10 до 30 %.
Манифестацијата „Бело Лето“ се одржува по втор пат со цел да овозможи добра
забава за охриѓани и туристите.
Извор: www.ohrid.gov.mk
|