Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВЕЧЕНО ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА УЛИЦАТА “ПИТУ ГУЛИ“ И ОТПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА КРУЖНИТЕ ТЕКОВИ НА БУЛЕВАРОТ ТУРИСТИЧКА
Untitled Document

Со сечење на лента, денес свечено беше пуштена во употреба реконструираната улица Питу Гули во Горна влашка маала. Пред граѓаните од оваа урбана заедница, градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека овој проект е еден од повеќето, кои се финанасираат под мошне поволни услови од Светска банка.

- Реконструкцијата на оваа значајна сообраќајна артерија за Охрид, опфаќа нова коловозна конструкција и изградба на тротоари по целата должина. Особено значајно е што локалната самоуправа дополнително се ангажираше за поставување на сливници за одводнување на коловозната конструкција и изградба на  целосно нова комунална инфраструктура за споредните улици, со што во иднина ќе се одбегнат прекопи на коловозната конструкција. Вкупно се асфалтирани и уредени 770 метри, со ширина на коловозот од 7,5 до 9 метри и нови тротоари со ширина од 1,8 до 2,5 метри. Новиот коловоз, вклучуваше реконструкција на долниот носив слој и комплетно нов горен носив слој, со поставување на два слоја асфалт со дебелина од 11 сантиметри. Вредноста на целиот проект изнесува 11.631.750 денари, според договорот  склучен со АД Иленден, за што во оваа прилика ја упатувам мојата благодарност за добро завршената работа. Посебна благодарност упатувам кон граѓаните на Охрид, за нивното рабирање кое го покажаа во текот на изведувањето на градежните работи – истакна во своето обраќање градоначалникот Бакрачески.

Веднаш потоа, градоначалникот Бакрачески со своите соработници се упати кон бул. “Туристичка“ за да го означи почетокот на градежните работи на новите кружни текови, на пресеците со улиците “Стив Наумов“ и “Македонски просветители“.

- Двојните кружни текови се уште еден од проектите финансирани  со поволен кредит од Светска банка, а градежните работи ќе ги изведуваат АД Илинден на пресекот со улицата “Македонски просветители“, а на пресекот со улицата “Стив Наумов“, фирмата “Иф стил“ од Охрид.  Ова сообраќајно решение содржи два круга од кои едниот е со дијаметар од 24 и помалиот од 3 метри.  На двата кружни тека предвидени се две коловозни ленти и тоа на влез, на излез и во самиот круг. Сметаме дека со изградбата на кружните текови, значително ќе се подобри одвивањето и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Вкупната вредност на целиот проект е 16.871.331 денари, од кои 11.911.106 за кружниот тек на пресекот со улицата “Македонски просветители“ и  4.960.225 за пресекот со улицата “Стив Наумов“.  Значајно е што и овдека како и во случајот со реконструираната ул “Питу Гули“, ќе има целосно нова комунална инфрструктура,  за што, со сите свои капацитети ќе бидат ангажирани јавните претпријатија Нискоградба и Проаква – истакна Бакрачески.

Градоначалникот Бакрачески исто така посочи, дека она што беше дадено како ветување пред граѓаните минатата пролет, денес и конкретно се реализира, а најави дека во блиска иднина ќе следи реализација на  крупни проекти за подбрување на урбаното живеење на охриѓани.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1384  пати
Објавено на: 09.09.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©